26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драма во скопско училиште: 13 годишник вперил пластичен пиштол кон учениците

Ученик во скопски Чаир, инаку на возраст од 13 години вперил пластичен пиштол кон учениците во текот на вчерашниот ден, а морала да реагира и полицијата.

Од полицијата информираат дека за случајот известен е и јавен обвинител за малолетници.

Според МВР, околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето.

Као што велат од полицијата тие постапиле по пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа.