17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРАвест

Павлос Васкопулос Филипов од „Виножито“: Регистрацијата на Центарот за македонски е чудо

„Одлуката на судот за регистрација на Центарот за македонски јазик беше позитивно чудо. Дури и за свесните Македонци околу ‘Виножито’ и околу Македонците околу центарот. На некој начин беше и неочекувано кога имаш со години борби во грчките судови и постојано негативни одлуки, поплаки и и до Врховниот суд и во Европските судови“ посочува Павлос Васкопулос Филипов, еден од основачите и лидерите на „Виножито“, за серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“ на порталот „Рацин.мк“.

Тој додава дека „Виножито“ пред Европскиот суд за човекови права има добиено повеќе предмети против Грција, меѓу кои и случајот за основање на Дом на македонската култура, што му претходеше на Центарот за македонски јазик.

„Два пати победивме во Стразбур. Тоа од друга страна имаше влијание и на политичко, па дури и на судството во Грција. Од една страна ги имавме позитивните одлуки од Стразбур, а од друга тие не беа имплементирани од судовите во Грција. Затоа ние требаше повторно да го поминуваме истиот пат на сите три нивоа на судовите“ потсетува Васкопулос Филипов.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Скопје ќе стане отворен и дигитален град

ДЕСК

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

ДЕСК

Шукова: Време е Скопје да добие модерен јавен превоз и вистински урбан ред

ДЕСК