Повеќе тимови сме на терен и разговараме отворено со граѓаните за сите нивни проблеми, слушаме и критики, но затоа сме тука како политичари, да видиме што имаме ветено, а немаме реализирано, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во „Утрински печат“.
-Ќе имаме нова активност преку која ќе презентираме што од проектите имаме сработено, а ќе започнеме врз таа основа да ја градиме програмата за парламентарните избори во 2024 година, рече Лукаревска.
Таа додаде дека на сите средби со граѓаните го слуша сечие мислење, особено што повторно од граѓаните ќе се побара довербата во 2024 година.
Одговарајќи на новинарско прашање Лукаревска додаде дека засега не размислува за кандидатура за претседател, но вели дека Северна Македонија е одамна подготвена за жена-претседател.