Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрира земјотрес 75 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 13.08 часот со Рихтерова локална магнитуда ML 2,5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

ДЕСК

МВР апелира до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи

ДЕСК

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК