Соопштение на СДСМ:
СДСМ става крај на огромните камати и профит од камати, со законските измени кои предвидуваат каматата да не може да биде поголема од долгот.
Со измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, предложени од СДСМ, казнената камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината.
За долг од 1.000 денари, максималниот износ на камата да биде 1.000 денари.
Со ова, конечно завршува праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле.
Законските измените предвидуваат и скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
Со ова граѓаните дополнително се заштитуваат од извршни решенија, зголемени со енормни износи за камати.
СДСМ се грижи за граѓаните, става крај на огромните каматни стапки со кои граѓаните се туркаа во долгови и се нарушуваше нивниот стандард.