23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го закопаа и македонското право, при спор за коридорите, арбитражата ќе биде по правото на Англија и Велс

Во договорот за изградба на коридорите 8 и 10, кој до ВМРО-ДПМНЕ е доставен од укажувачи, пишува дека Владата при меѓународна арбитража, прифатила да се пресудува според законите на Англија и Велс, инфорираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Во делот во договорот, посветен на арбитража „Побарувања, спорови и арбитражна” точка 20.7, страница 122 од договорот, јасно е наведено дека во случај на арбитража за надминување на спор, при реализација на Договорот, „конечна ќе биде одлуката на меѓународна арбитража во согласност со Правилата за арбитража на Меѓународната стопанска комора” , а подолу се прецизира дека Седиштето на арбитражата ќе биде, пред Меѓународниот арбитражен суд на Меѓународната Стопанска комора, а ќе биде применето материјалното право на Англија и Велс“, се истакнува во соопштението на оваа партија.

Повеќе од јасно е, како што велат, зошто власта го крие овој штетен договор од граѓаните, каде по основ на пенали, веќе се исплатени околу 120 милиони евра, без едно камче да биде ставено, каде се планира 60 часа работна недела, каде се кршат законите за урбанизам, каде ќе има градење без дозвола, градење врз археолошки локалитети итн.

Некој за овој штетен договор ќе одговара, одговорност мора да има, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.