11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ го бараше Договорот за коридорите а сега бега, никако да кажат ден и комисија

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ се губи во своите деструкции и манипулации против стратешкиот проект од национален интерес за изградба на делниците од коридорите 8 и 10Д.

Го бараа Договорот за коридорите, а сега бегаат и никако да се изјаснат кој ден и на која собраниска комисија да се разгледува.

Шпекулираа дека мнозинството во собранието, предводено од СДСМ, бара начин како Договорот воопшто да не се разгледува, а кога треба самите да одлучат за негово разгледување, бараат повеќе време.

Наместо со лаги да ја замајува јавноста и да одолговлекува, Белата палата поскоро да одлучи кога и во која комисија ќе се разгледува Договорот, за да престанат шпекулациите за најголемиот инфраструктурен проект од независноста до денес.

Спонзорирано: