24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Работната група за реформи во изборното законодавство одржа конститутивна седница. Претседател на работната група е Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.Оваа работна група ќе има за задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР а ќе работи и на нов Изборен законик. Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес.

Министерот за правда Кренар Лога и заменичката на министерот, Викторија Аврамовска Мадиќ им посaкаа успешна работа на членовите на работната група. Министерот Лога упати апел до ВМРО ДПМНЕ да се приклучат на работната група и низ процес на дебата и расправа да ги дадат сите предлози и иницијативи за реформите во изборното законодавство.