24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Четворица уапсени – поради хероин и марихуана, полицијата претресуваше во Тетово и Скопје

Вчера околу 17.50 часот на улица „112“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот тетовец Х.Љ.. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин, а од него, исто така, бил одземен и скутер за кој постои сомнение дека потекнува од извршена кражба. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

Истиот ден во 14.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(49) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Од полицијата известија и дека во 22.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера, во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(39) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. И.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Спонзорирано: