22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Деновиве температури од 25°, а за брзо и 30° – Какво време да очекуваме во периодот што следува?

Утре и во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.

Прогноза за 04.05.2023
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 05.05.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Умерено облачно. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 06.05.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Подолгорочните прогнози навестуваат дека од 27 мај следува топол бран кога температурите ќе достигнат и до 29 степени целзиусови.