Регулаторната Комисија за енергетика се очекува денес напладне да ја соопшти најновата одлука за утврдување на цените на бензините и дизелот во Македонија.
Според моментални цени на лондонската берза, нафтата се движи околу 79 долари за барел.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,437 ден/кг.