Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трагедија во Македонија: Тешка сообраќајка на патот кон Штип, загина 25-годишно момче

Како што соопшти полицијата, синоќа 25-годишник од Карбинци загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Плачковица.

Несреќниот настан се случил синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман, велат од МВР и додаваат дека сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.

На лице место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека лицето со иницијали Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во болница.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК