14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МНР за убиениот во Бугарија: Добивме информација дека е најдено безживотно тело

Според првични информации кои Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Бугарија ги доби од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија.

Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби.

Можеби ќе ве интересира

По десет илјади денари за секое новороденче ветување за оваа општина

ДЕСК

Носител на листа вети изградба на космодром во Битола – “Крајно време е Битолчани, како и сите други луѓе на планетава, да можат да се лансираат во орбита кога сакаат”

ДЕСК

Претреси и приведувања во Кочани

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.