23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дедо од Охрид дал 3.000 евра на непознат маж за да се пофали на пријател – откако избегал, сфатил дека е измамен

Вчера во 13.40 часот во СВР Охрид, 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.

„Според пријавеното, околу 11.30 часот на бул.„Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја“, посочува МВР.

Како што е пријавено, тој ги земал парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додава МВР.