22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Македонија и Австрија ќе ја засилат соработката во одбраната

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими австриската министерка за одбрана, Клаудиа Танер која престојува во официјална посета на земјава.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу двете држави во областа на одбраната.

Пендаровски и министерката Танер разменија мислења и информации за реализацијата на планот за билатерална соработка во одбраната помеѓу двете земји за оваа година, кој содржи повеќе активности во областа на одбранбената политика, воената логистика, кризниот менаџмент, како и учеството на различни обуки и курсеви за стручно усовршување на воен персонал во повеќе области.

Претседателот Пендаровски оцени дека Република Австрија е меѓу најгласните поддржувачи за нашите европски интеграции и во таа насока се заблагодари за севкупната австриска поддршка, вклучувајќи го процесот на реформи и развој во областа на одбраната и безбедноста, и изрази очекување за натамошно унапредување на билатералната соработка.