24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат казни за брзо возење – а зад воланот фатени и пијани возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 23.04.2023 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 67 пречекорување на брзината, од кои 26 на подрачје на Радовиш, 21 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 6 на подрачје на Гевгелија. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 23.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 56 прекршоци, од кои 35 надвор од населено место и 21 во населено место. На 22/23.04.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 18 возачи. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 3 за нерегистрирано возило, 2 за некористење сигурносен појас и 1 за користење мобилен телефон.

Изминатиот викенд (22/23 април) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 15 возачи (ТЕ-13 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) биле измерени до 2 промили алкохол во крвта. Сите возачи-прекршители биле исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).