Во текот на вчерашниот ден, во 18.30 часот во Струга од полициски службеници од Полициската станица Струга бил лишен од слобода С.Ј.(54) од с.Зајас-кичевско поради тоа што при извршен преглед во патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби.
Вчера во 22 часот од полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициско одделение Зајас, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Ј. во с.Зајас, при што биле пронајдени и одземени: 12 велосипеди, 5 рамови од велосипеди, електромотор, како и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.