26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговори на Кузеска: Реалноста е дека граѓаните живеат во сиромаштија зошто СДС, ДУИ и Левица се утепуваат од крадење

Жално е да се гледа како СДС од некогаш сериозна партија прерасна во гранапче каде се раскажуваат бајки. Баналните и аутистични прес конференции на СДС се зголемуваат правопрорционално со растот на мизеријата донесена од власта на СДС. Во светлата и витруелна бајка на СДС се живее прекрасно благодарение на договорот со ФРОНТЕКС, се огласи со соопштение ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Во грдата и сурова реалност на народот, граѓаните живеат во сиромаштија зошто СДС и ДУИ поддржани од Левица освен тоа што се утепуваат од крадење, немаат ниту една инвестиција и ниту една реформа. И додека ја натерале Богданка со сила да се воодушевува на договорот со ФРОНТЕКС, народот она што го мачи е инфлацијата и срушениот стандард. Го мачи и тоа што историскиот договор за Коридорот 8 се претвори во историски грабеж. Тоа што додека се празнат џебовите на народот, тој на Ковачевски се зголемува, се вели во соопштението.