Вчера во 07.11 часот во СВР-Штип од КПД Затвор-Штип било пријавено дека во една од собите бил пронајден починат осуденикот Д.М.(68) од с.Спанчево на кого претходно му се слошило и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, по што повторно бил вратен во КПД Затвор Штип, каде по кратко време починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, соопшти МВР.