Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Муртино – двајцата возачи повредени и однесени во струмичката болница

На 20.04.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на крстосницата од локалниот пат с.Муртино-с.Моноспитово-с.Бориево се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор “имт 539“ без регистарски таблици, управуван од З.С.(56) од с.Муртино, и моторцикл “хамачи“ без регистарски таблици, управуван од З.Ј.(40) од с.Муртино.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Измама вредна 18.000 евра – тетовчанец останал без пари и без пелети

ДЕСК

СЕ СПРЕМААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ВЕТЕР НАД 70км/ч: Најкритично во недела и понеделник

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: 10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС, граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност

ДЕСК