Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Возач загина, четворица повредени

Како што бојави полицијата вчера во 18 часот е пријавено дека на регионален пат во атар на селото Ќојлија, скопско, имало сообраќајна несреќа помеѓу две возила и тоа “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од селото Ќојлија, и “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од селото Долно Коњари.

МВР известува дека во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар.

Исто така полицијата во својот дневен билтен известува дека со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз“ Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“.

Повредени се уште две лица од возилото “сеат ибица“ А.Д.(22) и И.Д.(24) од Скопје .

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК