Centar.mk
Фото: Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
ЛОКАЛНО

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ со поддршка за Орце Ѓорѓиевски

– Македонски Концепт застанува цврсто зад изборот на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје. Нашата поддршка е резултат на убедувањето дека Скопје заслужува докажан и компетентен кадар, со јасна визија и професионален пристап во управувањето со главниот град, соопштија од ЦКА на Македонски Концепт.

– По години на политички егзибиционизам и импровизација, време е да се стави крај на експериментите со судбината на Скопје. На граѓаните им е потребен стабилен, искусен и проверен градоначалник кој ќе работи за интересите на сите скопјани – без популизам, без партиски калкулации и без лични промоции.

Македонски Концепт верува дека Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на нашата коалиција “Твоја Македонија”, е вистинскиот избор за враќање на достоинството, редот и функционалноста во управувањето со Град Скопје. Време е Скопје повторно да стане модерен, уреден и безбеден европски град.

За одговорна власт и реални резултати, велат од Македонски Концепт.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +