Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Поранешната мисица Јаневска избрана за секретарка на ЛДП Карпош

арпош беше избрано ново раководство на општинската организација. За нов претседател на ЛДП Карпош е избран Филип Филиповски, а за секретарка едногласно беше избрана Билјана Јаневска, поранешна мисица и прва придружничка на Мис модел туризам во светот.

Од партијата велат дека либерал-демократите добиваат нова енергија која ќе ја води напред оваа општина за да обезбеди подобро секојдневие на карпошани.

-Оваа општинска организација уште повеќе ќе работи на градење нови кадри, полни со свежа енергија и спремни за политики со нулта корупција. Ќе работиме тимски со сите членови на општинската организација во насока на подобрување на транспарентноста и прогресивноста, а вратите ќе бидат отворени за секој граѓанин, истакна пред присутните претседателот на општинската организација на ЛДП во Карпош, Филиповски.

Секретарката Јаневска пак, рече дека во следниот период овој мандат ќе го оправда со уште повеќе работа и ќе биде достапна за сите членови на општинската организација.

-За мене оваа можност претставува голем предизвик за уште поактивно учество на ЛДП КАРПОШ во сите општествени случувања. Обединето, храбро и гласно до нови победи. Со срце за Карпош, рече Јаневска.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.