Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Се апсеше во повеќе градови низ Македонија, со лисици на рацете завршија многумина осомничени

звадок на дел од дневни настани 20.04.2023
На 19.04.2023 во 18.40 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(43) од Скопје. Тој бил осуден на шест години и 10 месеци казна затвор за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и 10 месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

На 19.04.2023 околу 14.00 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар привеле лице(57) од гостиварска Долна Бањица. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело по член 354 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Полициската станица Центар расчисти кривично дело „тешка кражба“ сторено на 17.04.2023 во објект во изградба на ул.„Јосиф Јосифовски Свештарот“ во Скопје, при што биле одземени повеќе предмети. Поради сомнение дека го извршиле делото од слобода биле лишени лице(19) и лице(20), двајцата од Скопје. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.04.2023 во 00.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.В.В.(23) од Шпанија, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 19.04.2023 во 17.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 19.04.2023 во 18.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода лице(46) и лице(45), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (20.04.2023) во 02.10 часот на ул.„4 Македонска бригада“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода три лица (30), (30) и (27), сите од Штип. При преглед кај нив и во возилото „бмв“, во кое биле тројцата, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.04.2023 во 12.00 часот на ул.„Дејан Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле лице (49) од с.Белчишта, општина Дебрца, затоа што кај него и во неговото возило „алфа ромео“ била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.04.2023 на ул„Илка Присаѓанка“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода лице.(21) од Скопје и лице(20) од Прилеп. При преглед во патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал П.П., а сопатник бил А.К., била пронајдена и одземена марихуана. Тие била задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе