6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повеќемина завршија со лисици на рацете – Полицијата им застана на патот на овие луѓе

На 16.04.2023 во 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул.„Илинденска” во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с.Лакавица и А.Б. (32) од с.Здуње. Кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути. Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.04.2023 во 02.25 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Ф.Ѓ.(21) од Радовиш и Ѓ.И.(29) од с.Раклиш, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава

ДЕСК

ПОВТОРНО ДОАЃА ТОПЛОТЕН БРАН: Температурите ќе достигнат до речиси 40 степени, а синоптичарите објавија ажурирана четиридневна прогноза

ДЕСК

Вчера претрес во Кисела Вода запленет кокаин

ДЕСК