Приведен скопјанец баран со централна потерница.
Според информациите, Р.Г. (45) од Скопје е приведен вчера во 18.10 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.