24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

„Рамо до рамо до победа“ во Демир Хисар и Демир Капија: ВМРО-ДПМНЕ се противи на се што е во интерес на граѓаните

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев заедно со Роберт Бекироски денеска ја посетија општина Демир Хисар како дел од караванот „Рамо до рамо, до победа“.

Обраќајќи се пред присутните потпретседателот Богоев истакна дека СДСМ е партија која се грижи за народот, која мисли за стратешките интереси на државата, додека од ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат целосно спротивно од тоа и се противат на секоја мерка, на секој проект.

– ВМРО-ДПМНЕ со години се противат на се што е во интерес на државата. Беа против раст на минималната плата, против растот на пензиите, против членството во НАТО, против почеток на преговорите со ЕУ. Дури и против намалувањето на цените на производите се против. А од друга страна нивните градоначалници не работат ништо, немаат ниту еден реализиран проект за 1,5 година. Но затоа ги задолжуваат општините и покачуваат комунални услуги. Ете тоа се случува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт. Во таа партија ништо не се менува, 11 години ја здолжуваа и уназадуваа државата, сега ги задолжуваат и уназадуваат општините со кои раководат, посочи Богоев.

Во Демир Капија меѓу граѓаните беа членката на ИО Милена Стефановиќ и членот на ЦО Љупчо Николовски, кој пред пристуните зборуваше за политиките на СДСМ во земјоделството особено поддршката кон лозарите и винарниците.

– Минатата година создадовме нова програма за поддршка од 10.000 евра во облик на грант за развој и инвестиции на малите винарници. 59 договори беа склучени минатата година а оваа година бројот на апликации е рекорден, имаме над 130 нови апликации за поддршка од оваа програма. Прва земја во регионот сме по извоз на вино. Успехот што го постиганвме во последните години се базира за заедничко делување, план и напорна работа, што е одлика на македонските социјалдемократи, рече Николовски пред граѓаните на Демир Капија.