24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Рамо до рамо со граѓаните на Крушево, Прилеп и Свети Николе: СДСМ се грижи за сите граѓани, посветено работиме за продолжување на европскиот пат

СДСМ продолжува со интензивните теренски активности и денеска беше рамо до рамо во 10 општини меѓи кои и со граѓаните на општина Крушево, Прилеп и Свети Николе.

Организацискиот секретар на СДСМ Вангел Андрески на средбите со граѓаните во Крушево го истакна значењето на навремените и ефикасни мерки за граѓаните и компаниите во време на најголемата светска економска и енергетска криза.

Додека опозицијата ширеше страв и паника дека нема да има струја, дека нема да има доволно храна ние работевме и успешно се справивме со енергетската криза. Ниту недостасуваше струја, ниту имаше рестрикции. Со антикризни мерки од 760 милиони евра ги заштитиме граѓаните и им помогнавме на компаниите полесно да се справат со последиците од кризата. СДСМ се грижи за граѓаните. Тоа го покажуваме и на локално ниво. Градоначалниците на СДСМ реализираат проекти, општините се развиваат. Пример за тоа е и градоначалникот Томче Христовски. Од друга страна градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, истакна Андрески во Крушево.

Меѓу граѓаните на Прилеп денеска беа Каја Шукова и Наумче Мојсовски. На средбите се разговараше за инвестициите, пред се во патната и железничката инфраструктура и во обновливи извори на енергија, како и за земјоделските политики на СДСМ, со кои за прв пат субвенцииите се исплаќаат авансно и кои обезбедија највиоски откупни цени за тутунот.

-Денеска во Прилеп се изврши увид во новата детска градинка за 250 дечиња, проект, започнат и направен целосно во времето на СДСМ, сега само треба се пушти во употреба. А општина Прилеп нема капацитет ниту тоа да го направи. Прилеп е пример исто како и Скопје, ниту еден проект нема релизирано градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се случува кога глас ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, рече Шукова.