На 11.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(28) од Битола. Тој се сомничи дека на 04.04.2023 со употреба на сила и погоден алат влегол во деловна просторија на бул.„1 Мај“ во Битола и одзел предмети.
С.Б. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.