26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски-Валадас од Брисел: Заеднички ги имплементираме најдобрите европски практики во полициското работење со Европскиот полициски синдикат

Денеска, (11.04.2023), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на работната посета на Брисел, оствари билатерална средба со претседателот на Советот на Полициските синдикати на Европа, Рикардо Валадас.

Изразувајќи го задоволството од партнерската соработка, министерот Спасовски ја потврди посветеноста на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија кон воспоставување и имплементирање на најдобрите европски практики во полициското работење.

„Дотолку повеќе што веќе заеднички ги носиме стратешките одлуки, како и тактичките и оперативни процедури, се со цел создавање на полиција вистински сервис на граѓаните и гарант на безбедноста.Во таа насока би ја истакнал и нашата партнерска соработка, преку напорите на Советот на Полициските синдикати на Европа и на сите пријатели и партнери кои учествуваа во подготовката на овој нов значаен документ. Уверен сум дека истиот ќе ги исполни очекувањата и идеите на полициските службеници за полициското работење во Европа”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека предложениот модел на унапредување на полициската професија е одговор на современите безбедносни предизвици.

„Предложениот модел на унапредување на полициската професија, претставува одговор на современите безбедносни предизвици. Предложените мерки и активности кои се применливи за условите во Северна Македонија ќе ги прифатиме како дел од редовното полициско работење”, рече Спасовски, поздравувајќи ја одличната професионална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат.

„Во таа насока ја праќам пораката дека сме подготвени за продлабочување на соработката и со Советот на Европските полициски синдикати, а со цел да ги оствариме идеалите на новата Европска полиција. Ве уверувам дека Република Северна Македонија ќе продолжи да биде релевантен и респектабилен партнер во регионалните и меѓународните безбедносни организации и интеграции”, рече Спасовски упатувајќи благодарност до претседателот Валадас за несебичната помош и поддршка во остварување на демократските принципи на полициското работење.

Претседателот на Советот на Полициските синдикати на Европа, Рикардо Валадас, рече дека му претставува особено задоволство што денеска имаа можност да остварат билатерална средба со министерот Спасовски истакнувајќи дека во ЦЕСП имаме вистински партнер како во обуки и експертиза така и во делот на остварување на демократските принципи во полициското работење а со тоа обезбедување на сигурноста и безбедноста на граѓаните.