25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Со имиња и презимиња објавен список на граѓани и фирми кои должат за данок – Долга е листата на УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.04/2023 за долгови доспеани до 31.12.2022 и неплатени до 31.03.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;

Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.04/2023 објавени се 1.723 должници – правни лица (повеќе за 17 од претходната листа) и 3.326 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2023 изнесува 8.059.841.431 денари, помалку за 43.738.159 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.850.797.675 денари, помалку за 69.979.738 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 209.043.756 денари (повеќе за 26,241,579 денари од претходната листа).

Листата е достапна со клик тука.

Кликнете лајк и заследете го Centar.mk на фејсбук и добивајте вакви корисни вести.