„АДА во суштина е материјализирање на сето што го зборуваме и што велиме дека ни е промената која што ни е потребна. Затоа што постојано зборуваме за дигитализација, транспарентност, ефективност и ефикасност во јавниот сектор, и, еве го продуктот кој што треба да не однесе до таму. Во едноставна алатка достапна за сите“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на презентацијата на дигиталниот асистент АДА.
Тој додаде дека АДА за разлика од озборувањата дека јавниот сектор не е ефикасен ќе биде достапна 24/7 и ќе може да опслужува неограничен број на корисници истовремено, во исто време, без чекање и непотребно префрлање од институција во институција.
Вицепремиерот се осврна и на идејата за потребата на една ваква алатка во јавниот сектор која датира од пред две години кога почна дискусијата за АДА.
„Прв момент беше извештајот на Стејт Департментот, за борба со корупција. И во сегментот за борба против корупција стоеше еден дел кој што се однесува на делењето на државната помош и поддршка на инвестиции во кој што се викаше дека транспарентноста е клучна за сузбивање на појавата на корупција и дека елиминацијата на истата ќе биде императив и треба да биде императив на Владата. И денеска нормално, одговорот го најдовме во дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција АДА, а вториот предизвик беше личен, затоа што како претседавач на советот за старт ап еко системот беше како да им помогнеме на нашите домашни компании да вистина покажат тоа што го знаат. И вториот резултат е да, АДА е креирана од домашна старт ап компанија, Кодвел“ кажа Битиќи.
Тој кажа дека дигиталниот асистент во моментов може да одговори на повеќе од 260 прашања и продолжува да учи и понатаму.