25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадинов: На прашањето за уставни измени да се пристапи сериозно, секој пратеник да има правилна одлука

Отворањето на Уставот што не води до исполнувањето на стратешката цел, а тоа е интегрирање во Европската Унија мора да има сериозен пристап од страна на сите партии, особено нивните лидери, кажа потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во ТВ24.

-Треба да има сериозен пристап од сите политички чинители, а најмногу од претседателите на најголемите партии и затоа на ова прашање треба да му пристапиме со најголема општествена и колективна одговорност, бидејќи се работи за иднината на државата. Голем дел од тие изјави беа споделени на несоодветни места и искоритесни во дневнополитичка реторика. Се надевам дека секој ќе биде на висина на задачата без разлика на партиските интереси. Македонскиот модел значи да ја следиме констелацијата во која ние се наоѓаме и каде треба да се движиме понатаму. Јас сум оптимист, рече Костадинов, додавајќи дека прашањето за уставните измени ќе се решава на начин на кој заслужуваат граѓаните на земјава.

Тој изрази надеж дека сите ќе се вклучат во процесот меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ.

-Убеден сум дека сите чинители ќе се вклучат и апелирам сите да ја стават на пиедестал иднината на нашите сограѓани. Нема поголем патриотизам да ја развиваме државата дома и треба со дела да покажаме колку земјата ја сакаме, истакна Костадинов.

На прашањето за уставните измени треба да му се пристапи сериозно и со голема општествена одговорност, порачаКостадинов во гостувањето во ТВ24. Според него голем дел од тезите што се споделуваат во јавноста за отворањето на Уставот се на несоодветно место.

-Овие прашања треба да бидат разговарани во експертски групи каде што сите чинители се поканети. Верувам дека секој пратеник правилно и искрено ќе донесе одлука. Сите модели за кои се разговара имаат само за цел да кренат партиски рејтинг кој во иднина може да биде на штета на државата.