13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Северна Македонија и Србија ќе соработуваат за остварување на заедничката цел – членство во ЕУ

„Со министерката за евроинтеграции на Србија Тања Мишчевиќ потпишавме меморанум за соработка во областа на евроинтеграциите. Со Тања се знаеме долго и сме соработувале. Овој меморандум е круна на соработката и поттик да продолжиме понатаму“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес конференција со српската министерка за европски интеграции Тања Мишчевиќ.

Тој додаде дека меморандумот за соработка е потврда дека се дава особено значење на соработката и развојот на билатералните односи меѓу двете земји во исполнување на стратешките цели.

„Двете влади имаме иста задача и мисија – да ги приближиме нашите граѓани до вредностите на ЕУ во наредните години и нашите држави да станат членки на ЕУ што поскоро“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека Србија има подолг стаж на преговарање од Северна Македонија, па има и значајни искуства од кои може да учиме, но исто така ние преговараме и водиме скрининг по новата методологија, со работи и теми кои прв пат се дел од процесот, па имаме и ние искуство и знаење што може да го споделиме за заеднички да се поддржиме.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.