Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Во изминатото деноноќие произведени се 17.285 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 06.04.2023 година произведe 17.285 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 10.874 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.411 MWh.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 06.04.2023 година.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК
МАКЕДОНИЈА

Вељаноски до Џафери и пратениците: Место да молчите и да чекате на Влада, итно укинете го членот 11 кој ги зголеми платите

ДЕСК

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски преку отворено писмо им се обрати на спикерот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, Левица и другите учесници на координативните средби.

Тој вели дека почувствувал потреба, како долгогодишен претседател на Собранието, да им укаже на неколку елементарни аспекти поврзани со одлуката на Уставниот суд од 21 март 2023 година, а во вррска со зголемувањето на платите на избраните и именувани функционери.

Вељаноски предлага со Законот за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица да се избрише членот 11, со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата. Тој додава дека не треба да чекаат на Владата да им достави текст на Закон, бидејќи ќе се изначекаат.

„Наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш.

Наместо тоа, предлагам да додадете нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања и на тој начин ќе се постапи по одлуката на Уставниот суд и нема да има двојство во нормирањето. Овој предлог сфатете го како добронамерна идеја која има за цел да оневозможи да се прекрши гневот на граѓаните кон пратениците и кон Собранието како носител на закони бидејќи во минатото имало многу примери кога владата и министерствата ја префрлале одговорноста за некои непопуларни и погрешни потези кон пратениците и кон Собранието“ вели тој.

Вељаноски му честита на Уставниот суд, за, како што вели, експресното постапување по иницијатива за укинување на законските одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, секако свесен од минатото дека мотивот и нарачетелот на такво експресно постапување може лесно да се лоцира надвор од оваа институција, наведува Вељаноски во писмото.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК