22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Владата работи на изработка на нов закон за плати во кој ќе има конзистентност за сите функционери

Од владата минатата недела соопштија дека нема да има покачување на платите на функционерите за 78 отсто, по одлуката на Уставниот суд со кој беше укинато замрзнувањето на основицата на функционерските плати.

„Напоменуваме дека досегашното “замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува. Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, оттаму појаснуваат дека Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираме и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања“ се вели во владиното соопштение лиферувано во јавноста минатата недела.

Денеска се огласи и премиерот Димитар Ковачевски.

На прашање до премиерот Ковачевски, дали планираат како Влада да биде повлечена одлуката на Уставен за зголемување на платите на функционерите или евентуално да го донираат покачувањето, премиерот рече:

„Одлуката на Уставен суд со која се укинуваат одредби од законот за плата е конечна и треба да се почитува. Тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица. Се работи за шпекулации во најголем дел. Замрзнувањето на основицата беше владин став. Пред мене е дописот кој МТСП го достави до генералниот секретаријат на Владата и дописот кој што Владата го доставува до Уставниот суд. Владата останала на своето мислење дека платите треба да останат такви какви што се. Доколку Уставен ги поништеше, а не ги укина членовите, тоа ќе значеше дека на сите функционери во изминатите 11 години ќе требаше да им се исплатат разликите на плата со камата што ќе беше трошок за Буџетот од 100 милиони евра“ рече премиерот Ковачевски.

„Одлуката на Владата е фер и праведно платена работа за сите. Владата работи на изработка на нов закон за плати во кој ќе има конзистентност за сите функционери. Владата работи и на изработка на нов општ колективен договор. И минималната и просечната плата, како и висината на пензии е на највисоко ниво досега. Секој граѓанин треба да живее достоинствено“ смета премиерот.

Според него, нема сите избрани и именувани лица да добијат поголеми плати.

„И денес постои неконзистентност во исплатата на плати на функционерите. Има акционерски друштва, разни агенции чии плати на директори се неколкукратно поголеми од платата на пратеник во Собрание. Работиме на нов општ колективен договор за регулација на плати. Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица. Досегашното замрзнување на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата е бранет како став пред Уставниот суд, а со нивна одлука се укинува“, рече Ковачевски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски претходно ја повика Владата да направи се што е во нејзина моќ и да ги врати платите на функционерите на досегашното ниво. Според него одлуката на Уставниот суд мора да се почитува но мора да се изнајде и начин преку измена на коефициенти да не дојде до зголемување на платите за 78 проценти.

„Мојот став го знаете, мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежности платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое што се сега. Со измена на коефициенти, со измена на основица поинаку не можеме да излеземе на очи пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замрзнуваме цени на основни животни продукти ние си ги зголемуваме платите“, вели Стево Пендаровски.

Засега ниту една опозициска партија нема поднесено предлог до собранието да се смени нешто во врска со платите на функционерите.