Во изјава за ТВ Телма на 4 април таа вели „понудата која ја добив за унапредување не беше условена со запирање на истрагата против Рашковски, особено што таа беше во рацете на моја колешка, и не ја водев јас“.
Ова нејзино објаснување во кое таа вели дека „унапредувањето не беше условено со запирање на истрагата против Рашковски“ е спротивно на нејзиното тврдење во кое само неколку часа претходно Русковска за истиот медиум вели „Ми беше понудено да ме изберат за заменик републички обвинител. Кога јас тоа не го прифатив, го зголемија влогот“.
Но ова не е единствениот пат кога Русковска е контрадикторна во однос на сопствените изјави.
Во еден претходен медиумски настап за порталот 360 Степени (7 мај 2021 година), на прашањето „имавте ли притисоци, бидејќи сепак станува збор за човек (Рашковски н.з.) што беше на висока позиција, а е поврзан со актуелната власт и е поврзан и е близок соработник на премиерот Заев, дели ви јавуваа, вртеа телефони?“, Русковска вели дека немала закани и дека е апсолутно неточно дека била изложени на притисоци.
Еве го нејзиниот одговор интегрално:
„Јас од еден ваш колега слушнав дека сум имала закани и притисоци од страна на државниот обвинител, што апсолутно не е точно. Јас кога го известив за отворање на истрагата само ме праша дали имаме доволно докази. Јас реков – да, тогаш постапувајте. Таков е човекот, он секогаш кажува којшто направил кривично дело доколку ние собереме доволно докази мора да одговара. Не сум имала, никој буквално ми се нема јавено и не сум имала ритисок“.
Исто така и во друга претходна емисија на ТВ Телма таа појаснува дека кога зборува за притисоци таа прецизира: „Јас не реков во претходната власт. Јас реков во претходните влади“.
Дополнително, во продолжението на истата емисија таа се согласува со заклучокот што го изведува водителката кога зборува за притисоците во кој се заклучува „да не алудираме на Заев и на неговата влада, туку на други претходни влади“ и дека тоа што ѝ се случува на Русковска „не треба да се поврзе со предметот за Рашковски, и за истрага за Мухамед Зекири, двајцата генерални секретари во времето на Заев“.
извор Рацин