Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https:ujp-gov.mk/potvrda.
ГРАЃАНИ, НИКАКО НЕ ОТВАРАЈТЕ ЈА ОВАА ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА, БИДЕЈЌИ ОД ВАС БАРА ДА ПОПОЛНИТЕ ПОЛИЊА СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ПОДАТОЦИ ОД ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА, И ДА ПРИКАЧИТЕ СЛИКА ОД ВАШАТА ЛИЧНА КАРТА. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, може да предизвика нивна злоупотреба.
Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба.