8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Автобусот со ученици од Македонија ја поминал унгарската граница, објави МНР

Министерството за надворешни работи веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, објави МНР.

Воедно, потсетија на дежурните контакт точки на Министерството за надворешни работи за пријавување на било какви проблеми при патувањата во странство.

Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на веб-страната на министерството, достапен е и СОС телефонот во Министерството: +38975273732 и е-мејл адресата: globalsos@mfa.gov.mk, како и информациите на веб-страната: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/45/dezhurni-broevi-za-itni-situacii.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК

Филипче: СДСМ има јасна прoграма за решенијата во Визбегово

ДЕСК