Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Осумнаесетгодишник од Куманово осомничен за препродажба на марихуана

Кумановското обвинителство отвори истрага против лице на возраст од 18 години за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Се бара притвор за осомничениот.​

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК