Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно пофрлија, нема проекти само нови долгови

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрлија, нивното практикување на локалната власт во опшитините се сведува на неоговорност, неспособност, непотизам, велат од СДСМ преку соопштение.

Граѓаните наместо проекти, велат од СДСМ, добиваат само нови долгови и поскапи комунални услуги.

„Поскапи комунални услуги, вода и паркинг плаќаат граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни.

Прилеп и Гевгелија се последните во низата општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои долгорочно ги задолжуваат граѓаните.

Во време на голема економска криза кога владата предводена од СДСМ намалува цени со цел олеснување на животот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од шпицниот градоначланик Христијан Мицкоски удираат по џебот на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: На Мицкоски никој не му верува, нека демантира со потпишување на Резолуцијата за мигранти

ДЕСК

Филипче: Нема да запреме во борбата против корупцијата на оваа власт

ДЕСК

Филипче: Бегаат од Резолуцијата, затоа што има договор, мигранти за пари

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.