Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нов земјотрес го стресе Штип – позната јачината на потресот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 30.03.2023 година регистрираше земјотрес 71 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија. Железничкиот коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

ДЕСК

Мицкоски: Започнува изградба на културен дом во Општина Петровец

ДЕСК

Синоптичарите најавуваат значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК