Општинска организација на СДСМ Зрновци – интегрално соопштение:
Во време на голема економска криза кога владата на СДСМ намалува цени со цел олеснување на животот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните.
Од следниот месец жителите на општина Зрновци ќе плаќаат поскапа сметка за комунални услуги.
Градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ заедно со советниците од оваа партија ги поскапе услугите за граѓаните.
Со одлука на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината сметката за комунална такса ќе изнесува 250 денари.
Тоа е зголемување за околу 66 отсто од досегашната сметка која изнесуваше 150 денари.
За правните лица, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да се зголеми цената за 15%.
Ова е пример како градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ под водство на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски не работи ништо а удира по џебот на народот.
Нема проекти, нема идеи, нема решенија за граѓаните, но затоа има зголемување на комуналните услуги.
Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособниот градоначалник досега во Зрновци и најголемо разочарување за граѓаните.