На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје.
Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11.58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода биле одземени пари, презеле мерки и активности при што било констатирано дека за двете лица постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело.
Во координација со Јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен поднесок по член 235 од Кривичниот законик.