30. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Герасимовски: „Интермецо“ и „Мош“ ги вознемируваат граѓаните на Центар

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните во Капиштец за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека викендот кој измина повторно по пријава од граѓани општинските инспектори во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола на неколку локали по што било констатирано дека локалите „Интермецо“ и „Мош“ работат и по истек на работното време.

„Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што истите ќе бидат пломбирани“, информира градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски повторно испрати апел до управителите и сопствениците на угостителските објекти на сите објекти во Центар, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.