22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Каевски: Процесот на уставни измени ќе биде транспарентен за да се отстрани сомнежот што го наметна опозицијата

Како СДСМ сме отворени да разговараме за голем број прашања, но главен приоритет се уставните измени за членството во ЕУ, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Телма телевизија. Тој кажа дека главниот фокус треба да биде на уставните измени за внес на Бугарите, Хрватите и Црногорците, а изјавата следува по искажаните ставови на министерот за правда Кренар Лога.

-Очекувам со предложени кандидати во работната група и опозицијата да даде свој придонес и процесот да биде подобар и поквалитетен. Со отчетност и транспарентност ќе го тргнеме сомнежот што опозицијата, односно ВМРО-ДПМЕ и Левица го ставаат кај граѓаните, рече Каевски.

Тој додаде дека планот во периодот што следува е најпрвин да се објави тимот на експерти и да се објават пред граѓаните уставните амдмани за да се даде јавност и транспарентност на процесот.

-Она што успеав да го согледам е дека од четири до шест месеци ќе трае процесот на уставните измени. Очекувам опозицијата да е разумна и конструктивна, бидејќи потребна е во овој период. Се повеќе пратеници и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да дадат поддршка, тие знаат дека нема ништо лошо во уставните измени и тие се за да се продолжи патот кон ЕУ. Постои сериозна група која е за уставните измени и членство во ЕУ, истакна Каевски.