23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Започна летното сметање на времето: Лекарите се загрижени за последиците

Летното сметање на времето започна во раните утрински часови, а многу лекари се загрижени поради оваа појава.

Според податоците објавени од Американската академија за медицина на сон, докажано е дека движењето на стрелките на часовникот може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај граѓаните, како што е појава на дијабетес, а се зголемува и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, ги влошува нарушувањата на расположението, кои вклучуваат депресија, и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Покрај тоа, тие предупредија дека оваа појава може да го намали животниот век.

Токму поради овие последици, Академијата ги повика надлежните да го откажат преминот на летно сметање на времето.

„Доказите го поддржуваат усвојувањето на стандардна пресметка на времето во текот на годината, која е усогласена со деноноќниот ритам на луѓето и која обезбедува здравствени придобивки“, објави Академијата.

Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година. Сепак, Претставничкиот дом го собори.