27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека фаворизира одредени криминални групи, Спасовски тврди дека нема селекција во борбата против криминалот.

– За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, – вели Спасовски во интервјуто.

На прашањето зошто било потребно толку време да се разоткрие групата и да се направат нови безбеносни протоколи во училиштата Спасовски вели дека „за секоја работа треба да има добра подготовка“.

– Индикативно е како од моментот на донесувањето на новите протоколи од утредента имаме сериозно намалување или престанување на дојавите. Тоа само укажува дека интензивно се работеше не само кон подготовка на процедурата, туку и во делот на истрагите. И ние само ја детектиравме таа криминална група која се занимаваше со ваквите дојави, за голем дел од дојавите за поголем временски период и за повеќе институции во коишто беа дојавите. Секако дека постои и другата тенденција, а тоа е геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата, – вели Спасовски за РСЕ.

Тој е дециден дека дојавите за бомбми потекнуваат од македонски државјани.