Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

215 санкционирани возачи во Скопје: 74 за брзо возење

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 215 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК