И приватниот сектор и јавниот сектор може да го поднесат зголемувањето на платите, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ Стар.
– Мора да го подобриме животниот стандард на граѓаните на нашата држава. На пример, во 2012 година кога зборуваме за минималната плата, биле потребни 3,9 минимални плати за да се покрие потрошувачката кошничка во четиричлено семејство. Потоа во 2013 година се птребни четири плати и така натака… Во 2019 година има намалување на 2,2 минимални плати за потрошувачка кошничка, а сега со зголемената плата на 20.175 денари е потребна 2,1 плата, рече Битиќи.
Според него, за следната година ќе се задржи ова ниво на две плати или дури ќе се спушти под две минимални плати за потрошувачката кошничка.